Прв конзорциумски состанок за проектот YSBE Net – Лимасол и Никозија, Кипар | 5–6 февруари 2026

Прв конзорциумски состанок за проектот YSBE Net – Лимасол и Никозија, Кипар | 5–6 февруари 2026

Организациите на Џуниор Ачивмент од Романија, Кипар, Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија се собраа во Кипар на првиот партнерски состанок во рамки на проектот YSBE Net (Youth Social Business & Entrepreneurship Network) – иницијатива финансирана од Еразмус+, насочена кон поддршка на едукацијата за социјално претприемништво и градење капацитети на организации кои работат со млади.

За време на дводневната средба, партнерите работеа заедно на практичното спроведување на проектот. Преку координативни сесии и активности за јакнење на капацитетите, тие заеднички ја разгледаа структурата на проектот, ги усогласија улогите и одговорностите и разменија идеи како планираните активности — обуки и меѓународни саеми — можат најдобро да им помогнат на младите заинтересирани за социјално претприемништво.

Дел од агендата беше и учество на конференција и работилници во Никозија на тема социјално претприемништво, кои ги споија наставниците и членовите на мрежата на Џуниор Ачивмент. Овие сесии понудија вредна можност за истражување на тоа како претприемничкото образование може да придонесе кон општествено влијание, развој на заедницата и младински ангажман, поттикнувајќи размена на идеи, пристапи и добри практики.

Преку зајакнување на соработката и споделување прекугранични знаења, проектот YSBE Net има за цел да ги поддржи организациите кои работат со млади и да придонесе кон развојот на вештини и иницијативи за социјално претприемништво низ Европа.

Во наредниот период ќе се реализираат повеќе образовни активности во Романија и во партнерските земји, наменети за наставници, младински работници и средношколци заинтересирани за социјално претприемништво. Овие активности ќе вклучуваат курс за социјално претприемништво за средношколци, како и програми за обука за наставници и младински работници, поддржувајќи ја интеграцијата на социјалното претприемништво во образовната пракса.

Учесниците ќе имаат можност да учествуваат и на онлајн хакатон, фокусиран на изнаоѓање иновативни решенија за реални општествени предизвици, како и на два меѓународни саеми –– каде младите ќе можат да ги претстават своите идеи, да разменат искуства и да се поврзат со врсници и експерти од различни земји.

Учесниците ќе имаат можност да учествуваат и на онлајн хакатон, фокусиран на идентификување иновативни решенија за реални општествени предизвици, како и на два меѓународни саеми, еден во Бугарија и еден во Кипар, каде што младите луѓе ќе можат да ги презентираат своите идеи, да разменуваат искуства и да разменат искуства и да се поврзат со врсници и експерти од различни земји.