Џуниор Ачивмент Романија и меѓународните партнери го започнуваат европскиот проект YSBE Net
Џуниор Ачивмент (ЏА) Романија, заедно со конзорциум од шест меѓународни партнери, го најавува започнувањето на европскиот проект YSBE Net: Мрежа за младинско социјално претприемништво, иницијатива кофинансирана од Европската Унија преку програмата Еразмус+.
Проектот ќе се реализира во период од 24 месеци во рамки на акцијата ERASMUS-YOUTH-2025-CB-WB, а официјално започна на 1 ноември 2025 година. Се спроведува во партнерство со ЏА Кипар, ЏА Бугарија, ЏА Македонија, ЏА Албанија, ЏА Црна Гора и Merci Charity Boutique, како и со две партнерски земји кои ќе учествуваат во транснационалните активности на проектот – ЏА Турција и ЏА Србија.
Главната цел на проектот YSBE Net е зајакнување на образованието за социјално претприемништво кај младите и создавање одржлив екосистем што ќе ги поддржи младинските организации во развојот на нивните капацитети за спроведување програми со социјално влијание. Проектот одговара на растечките потреби во регионот за обуки за претприемачки вештини и ја поддржува новата генерација креативни млади луѓе кои активно придонесуваат за трансформација на заедниците.
Свечен меѓународен настан по повод започнувањето на проектот – февруари 2026, Кипар
Во февруари 2026 година, во Кипар, конзорциумот ќе го организира официјалниот меѓународен настан по повод започнување на проектот. Партнерите ќе се соберат за да ги презентираат целите, структурата и активностите на проектот, како и да дискутираат за можностите за соработка и проширување на влијанието во образованието во регионот. Учество на ЏА Турција и ЏА Србија ќе придонесе за поголема разновидност во размената на добри практики и зајакнување на транснационалната соработка.
YSBE Net има за цел да ги позиционира младинските организации како центри на извонредност во областа на претприемачкото образование, преку на одржливи и иновативни програми. Преку своите активности, проектот ќе го поттикне вклучувањето на младите во процесите на социјални иновации, ќе ја зајакне регионалната соработка и ќе придонесе кон одржлив економски и социјален развој во Југоисточна Европа.
