Патоказ за развој на образованието за социјално претприемништво во Европа
Низ цела Европа, социјалното претприемништво се смета за важен начин за справување со невработеноста, социјалната нееднаквост и еколошките предизвици. Рамката EntreComp на Европската комисија го препознава претприемништвото како клучна компетенција за младите. Сепак, во многу земји, социјалното претприемништво сè уште не е доволно интегрирано во образовните системи.
Со цел подобро да се разбере овој недостаток, партнерите во проектот YSBE Net спроведоа анализа на потреби во шест земји: Романија, Кипар, Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора. Извештајот се базира на одговори од 179 наставници и младински работници.
Што научивме?
Пораката е јасна. Наставниците и младинските работници цврсто веруваат дека социјалното претприемништво може да ги подобри идните можности за вработување на младите. Но, тие исто така посочуваат неколку предизвици:
- Младите не се доволно информирани за овие можности.
- Практичните форми на учење се ограничени.
- Многу ученици немаат доволна самодоверба во клучни области како финансиска писменост, иницијативност и истрајност.
Едукаторите се мотивирани да предаваат социјално претприемништво. Сепак, тие често немаат подготвени материјали за непосредна употреба, доволно време во наставната програма и практична обука.
Друго важно откритие се однесува на руралните средини. Испитаниците велат дека младите во руралните заедници имаат уште помалку можности да учат за социјално претприемништво, иако тоа би можело да придонесе за раст и развој на локалните заедници.
Што следува?
Ова истражување не е само извештај. Тоа директно ќе ги насочи следните чекори на проектот:
- Развој на нов курс за социјално претприемништво;
- Програми за обука на наставници и младински работници;
- Онлајн хакатон и два саеми во живо, каде младите ќе можат да ги тестираат и развиваат своите идеи.
Целта е да им се обезбедат подобри алатки на младинските организации и едукаторите, како и реални можности на младите за развој на вештини и самодоверба.
Целосниот Извештај од анализата на потребите сега е достапен ТУКА.
Повеќе за проектот YSBE Net
YSBE Net е 24-месечен проект во рамки на програмата Еразмус+, кофинансиран од Европската Унија во партнерство со ЏА Романија, ЏА Кипар, ЏА Бугарија, ЏА Македонија, ЏА Албанија, ЏА Црна Гора и Merci Charity Boutique.
Проектот има за цел да го зајакне капацитетот на младинските организации и училиштата за спроведување практично образование за социјално претприемништво. Исто така, ги поддржува младите во развојот на клучни претприемачки вештини. Преку комбинирање на истражување, развој на наставна програма, обука на наставници и практични настани како хакатони и саеми, YSBE Net придонесува кон градење посилен екосистем за образование во областа на социјалното претприемништво во регионот.
