Кратенка на проектот: YSBE Net
Број на проект: 101247019
Временска рамка: 01.11.2025 – 31.10.2027
Повик: ERASMUS-YOUTH-2025-CB
Тема: ERASMUS-YOUTH-2025-CB-WB
Апликант: JA Romania
Партнери: JA Bulgaria, JA Cyprus, JA Macedonia, JA Albania, JA Montenegro, Merci Charity Boutique.
Асоцирани партнери: JA Serbia, JA Turkey

Проектот YSBE Net има за цел да одговори на растечката потреба за образование и поддршка за социјално претприемништво во повеќе земји, меѓу кои Романија, Кипар, Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, со посебен фокус на јакнење на капацитетите на организациите кои работат со млади за спроведување ефективни и одржливи проекти во оваа област.

Земјите вклучени во проектот минуваат низ значајни социјални и економски промени, а социјалното претприемништво станува суштински инструмент за справување со невработеноста, сиромаштијата и еколошките предизвици. Сепак, постојат трајни предизвици, меѓу кои ограничен пристап до образование и обуки за социјално претприемништво, недостаток од институционална поддршка и недоволна свесност за неговиот потенцијал.

Проектот има за цел да го зајакне капацитетот на младинските организации преку обезбедување соодветни алатки, знаења и ресурси за подобрување на нивната работа со млади. Со унапредување на едукативните програми и поддршка на иницијативи водени од млади, проектот придонесува кон социјална инклузија, економска стабилност и овластување на младите.

Преку структурирани интервенции, проектот ќе создаде одржлив едукативен екосистем за ученици, наставници и социјални претприемачи, обезбедувајќи долгорочно влијание и усогласување со приоритетите на Erasmus+. YSBE Net следи повеќефазна, структуирана методологија за да обезбеди логичен, постепен пристап кон остварување на неговите цели.

Следниве специфични цели ќе го водат спроведувањето на YSBE Net:

  1. Обезбедување ефективно управување со проектот, осигурување на квалитет и управување со податоци
  2. Спроведување сеопфатна анализа на потреби за насочување на проектните активности
  3. Развивање и имплементирање на курс за социјално претприемништво
  4. Организирање обуки за обучувачи и создавање транснационален дигитален хаб за социјално претприемништво
  5. Промовирање младинско социјално претприемништво преку саеми и хакатони
  6. Подобрување на видливоста, дисеминацијата и обезбедување долгорочна одржливост

Целни групи

  • Младински работници
  • Наставници
  • Средношколци
  • Локални бизниси и засегнати заедници

Активности

  1. Активности за управување и координација на проектот
  2. Спроведување анализа на потреби за идентификување специфични потреби, празнини и можности
  3. Развивање структуриран курс за социјално претприемништво
  4. Организирање обуки за обучувачи за наставници и младински работници
  5. Креирање и лансирање онлајн платформа за соработка и учење
  6. Организирање два меѓународни саеми со физичко присуство
  7. Организирање еден виртуелен хакатон
  8. Активности за дисеминација и видливост (веб-страница, публикации, социјални медиуми, настани)